петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Запалиле оган на нива, па предизвикале пожар во Дебар

Запалиле оган на нива, па предизвикале пожар во Дебар

На 09.08.2021 во 19:35 часот во ОВР Дебар било пријавено дека настанал пожар на нива-стрниште во атарот на селото Аме.

Полициски службеници излегле на местото и ги затекнале А.Ш.(47) и З.К.(37), двајцата од истото село, кои појасниле дека при чистење на нивата, сопственост на нивниот соселанец Л.Џ., запалиле оган.

Со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Дебар пожарот бил целосно изгаснат. По целосно документирање на случајот, против нив ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава.