недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Запленети околу 600 грама хероин- поднесена кривична пријава за дилер од кичевско

Запленети околу 600 грама хероин- поднесена кривична пријава за дилер од кичевско

СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство во Кичево против Д.А. (38) од с. Гарани, Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Денеска (29.07.2021) во 00.35 часот од полициски службеници од ОВР Кичево Д.А. бил лишен од слобода откако во текот на вечерта 28/29.07.2021, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.А. во с.Гарани и при претресот се пронајдени околу 600 грама хероин, стебла од канабис и други предмети.