среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Засилена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници во Тетово

Засилена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници во Тетово
фото илустрација

Денеска (06.10.2022) од 07.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е засилена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници (автобуси и комбиња), во која биле откриени и законски санкционирани 12 прекршоци, односно констатирани недостатоци (ТЕ-10 и ГВ-2).

Пет од контролираните возила (ТЕ-3 и ГВ-2) имале неисправни сопирачки, исто толку биле со неизвршен технички преглед (ТЕ), 1 возило со неисправни други уреди (ТЕ) и 1 возило (ТЕ) со истечена регистрација.

Сите прекршоци се заокружени со изготвување на соодветни поднесоци, а санкционирани, исто така, се и 8 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-5).