петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Засилена полициска акција на МВР: За брзо возење казнети 163 возачи

Засилена полициска акција на МВР: За брзо возење казнети 163 возачи

Во текот на вчерашниот ден (04.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 163 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 71 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.