петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Засилена полициска акција: Во Скопје казнети 166 возачи, 37 од нив возеле пребрзо

Засилена полициска акција: Во Скопје казнети 166 возачи, 37 од нив возеле пребрзо

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возач почетник. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, осум мерки за возење под дејство на алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.