Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 46 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 16 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возење под дејство на алкохол, седум санкции за некористење сигурносен појас…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.