среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Засилена полициска акција: За брзо возење казнети 158 возачи

Засилена полициска акција: За брзо возење казнети 158 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 158 возачи.

Како што соопшти МВР, од казнетите возачи, 13 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, притоа, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, наведуваат од МВР.