На 07.03.2021 околу 23.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(30) од тетовски Лешок затоа што неговиот угостителски објект во Лешок работел по дозволеното време и во него биле послужувани гости.
Д.С. бил задржан за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Објектот бил времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.