среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Затвореник фатен со хероин, сакал да го продава во затвор

Затвореник фатен со хероин, сакал да го продава во затвор

СВР Штип поднесе кривичнa пријавa против А.А.(31) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 13.03.2021, А.А. додека бил на издржување казна затвор во Казнено поправниот дом-Штип, набавил хероин и се обидел да го префрли во друго крило од затворот, но бил забележан и спречен од затворските службеници.