На 08.03.2022 во 11:05 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во кругот на фармата, која е во рамки на Затворот бил пронајден хероин, при што било констатирано дека бил внесен на 07.03.2022 околу 17:45 часот, од страна на осуденикот Д.И.(35) од Свети Николе, при негово враќање од викенд отсуство.
Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид на местото, а хероинот бил одземен за понатамошна постапка.
По комплетирање на случајот против Д.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.