сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Заврши со лисици на рацете: Ја нападнал поранешната сопруга, па и се заканувал со остар предмет

Заврши со лисици на рацете: Ја нападнал поранешната сопруга, па и се заканувал со остар предмет

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер околу 21:20 часот го лишиле од слобода 39-годишниот Т.М. од тетовско село.

Тој претходно бил пријавен од неговата 37-годишна поранешна сопруга дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет, информираат од СВР Тетово.

Т.М. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и против него ќе следува поднесок.