СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.З.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 08.02.2022, пријавената физички нападнала вработена во Управата за водење на матични книги во Тетово на нејзиното работно место.