четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жена од Тетово подигала кредити со туѓа лична карта – ќе одговараат таа и финансиските друштва

Жена од Тетово подигала кредити со туѓа лична карта – ќе одговараат таа и финансиските друштва

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, како и против две подружници на финансиски друштва во Тетово, Г.А. (35) од Република Бугарија, раководител на едната подружница, Р. Г. (37) од Скопје, раководител на другата подружница и вработените во двете подружници, С.И. (34) од Тетово и М.А. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавената, во јануари 2022 година во близина на Клиничкиот центар во Тетово пронашла изгубена лична карта, која наместо да ја пријави во полициска станица, без согласност на сопственичката ги искористила личните податоци и во три наврати подигнала брз готовински кредит во двете подружници на финансиските друштва. Двете правни лица и останатите четворица пријавени несовесно постапиле со пропуштање должен надзор и на тој начин и овозможиле на првопријавената да подигне брзи готовински кредити со користење личен документ од туѓо лице.