недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Жена предизвикала пожар и направила штета од 4 милиони денари во Чифлик

Жена предизвикала пожар и направила штета од 4 милиони денари во Чифлик
илустрација

Полицијата поднесе кривична пријава против жителка на село Чифлик, пехчевско, која предизвикала пожар при што била предизвикана штета од 4 милиони денари.

Против M.М.(60) е поднесена пријава за кривично дело предизвикување на општа опасност. Според информациите на полицијата, таа на 12 октомври во село Чифлик на место викано Лаките, запалила оган, од кој настанал пожар кој почнал неконтролирано да се шири, со што била предизвикана значителна опасност по животот и телата на луѓето и на имотите и материјална штета од околу четири милиони денари.