СВР Штип поднесе кривична пријава против А.М.(62) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „демнење“ и три кривични дела „неизвршување на судска одлука“.
Во периодот од мај до 21.06.2023, пријавениот во повеќе наврати се движел во просторот каде што живее М.Ѓ.(65) од Штип и со разни предмети и упатувал закани и на тој начин постапувал спротивно на привремената мерка за забрана да и се заканува на жртвата, да ја малтретира, вознемирува, контактира и да и се приближува на растојание помало од 100 метри од нејзиниот дом.