четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ЖЕНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ: Во незгодата повредени уште три лица

ЖЕНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ: Во незгодата повредени уште три лица

На 18.02.2023 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улица „Ацо Шопов“ и улица „Фјодор Достоевски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.В.(57) од Скопје и патничко моторно возило „фолксвгаен голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(32) од Скопје.

Во несреќата, двајцата возачи Ж.В. и М.И., како и Б.Р.(33), сопатник во возилото „голф“, се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката во возилото „голф“, Б.И. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.