вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Жител на Орќуше пустошел шума, еве колку огревни дрва исекол

Жител на Орќуше пустошел шума, еве колку огревни дрва исекол
илустрација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.О.(58) од с.Орќуше, поради постоење основи на сомнение сторено кривично дело „пустошење на шума“.

Пријавениот, на 08.09.2023 во с.Орќуше, во државна шума, без да поседува одобрение за сеча, со моторна пила исекол околу 12 кубни метри огревно дрво и го оштетил ЈП „Национални шуми“ – Шумско стопанство „Шар“ – Гостивар за сума од 164.983 денари.