На 05.07.2020 во 20.00 часот било пријавено дека во с.Дорфулија, светиниколско, на место викано „Дорфулиски ливади“, Т.Ш.(46) од с.Дорфулија, додека напасувал стадо овци, го удрило гром и починал на местото, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.