На 06.03.2022 во 23.20 часот во Полициската станица Ресен, Е.Ш. од с.Царев Двор, ресенско, пријавил дека во неговиот двор била фрлена експлозивна направа, при што биле оштетени прозорците и вратата од куќата.
Повредени лица нема, а увид бил извршен од екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.