С.Ј.(62) и Ќ.Ќ.(68) од тетовското село Шемшово вчера пријавиле дека околу 16 часот на нива во месноста „Вардариште“ физички биле нападнати од 65-годишниот Е.Ј. од истото село, со кого подолго време имале нарушени односи околу сопственоста на нивата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Подоцна, Е.Ј. самиот се пријавил во Полициското одделение Јегуновце.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.