среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Израел го обвини Иран дека гради аеродром во Либан за напади врз Израелци

Израел го обвини Иран дека гради аеродром во Либан за напади врз Израелци

Израел денеска го обвини Иран дека гради аеродром во јужен Либан за напади врз Израелците преку границата.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, говорејќи на безбедносна конференција на Универзитетот Рајхман во близина на Тел Авив, тврдеше дека Иран гради писта што минува низ шумските планини на само дваесет километри од северната граница на Израел. Галант покажа сателитски фотографии на кои се гледа местото и знамињата на Иран и либанскиот екстремистички Хезболах.

Израелскиот министер рече дека Иран „планира да дејствува против граѓаните на Израел“ користејќи ја воздушната писта како база.

Израел соопшти дека соборил беспилотни летала поврзани со Хезболах и Иран кои летале од Либан или Сирија во последните години.

Шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Дејвид Барнеа, во неделата го обвини Иран дека планира смртоносни напади врз Израел и еврејски цели низ светот.

Тој рече дека Израел е подготвен да ги нападне напаѓачите во „срцето на Техеран“.