вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Кајл Вокер пред трансфер во Баерн Минхен

Кајл Вокер пред трансфер во Баерн Минхен

Англискиот фудбалски репрезентативец Кајл Вокер го извести менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, и неговите соиграчи дека сака да се пресели во Баерн Минхен.

33-годишниот дефанзивец пред неколку дена ја прифати понудата на Баварците.

Сега Баерн Минхен треба да се договори со „граѓаните“ околу трансферната сума за десниот бек. Вокер е под договор уште една година, а се очекува двата клуба брзо да се договорат.

Сепак, англискиот клуб прво сака да обезбеди замена за Англичанецот, а потоа да го продаде на Баерн Минхен. Се верува дека трансферот може да се случи додека двата клуба се на турнеја во Јапонија.