среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Ќе погодите ли од три пати чија „приватност“ штити Рускоска со исклучување на јавноста од „Рекет“?

Навистина кое име или имиња во државата можат да се стават над нејзиниот јавен интерес за да им биде нарушен угледот и интегритетот? Дали ваквото „престројување“ на обвинителството и на судот се должи на нечија ургенција или влијание, прашува Република?
Ќе погодите ли од три пати чија „приватност“ штити Рускоска со исклучување на јавноста од „Рекет“?

Што се случи за помалку од 24 часа Обвинителството за организиран криминал и Судот да го сменат ставот за 180 степени и од денешното рочиште за случајот „Рекет“ да ја исклучат јавноста?

Вчера и обвинителката Рускоска и судијката Масевска и побараа и добија согласност од одбраната на обвинетите  да се слушаат три фолдери од УСБ-то со телефонските разговори на  Зоран Милевски. Но, денеска обвинителката излезе со сосема спротивен став и побара јавноста да биде исклучена со образложение дека во нив се слушаат разговори на луѓе чии углед може да биде нарушен, пишува Република.

Наспроти ова, одбраната на обвинетите Јанева и Јовановски и тие самите инсистираа снимките да бидат јавно слушани.

-Нема ништо што е загрижувачко во тие снимки, ви го гарантирам тоа судијке-изјави Јанева.

Боки пак изјави.

-Останувам на тоа јавноста да биде присутна за да се спречат сите можни шпекулации.Јас не сум ги слушнал тие снимки а сите други ги слушнале.Вие ја носите конечната одлука но јас  моето семејство бевме цело време изложени на јавни дискредитации, омаловажувања и затоа барам јавноста да биде пристутна-рече Јовановски.

Јанева направи уште една споредба.

-Во однос на снимките на Ла Верита во нив имаше многу повреди на  мојот интегритеет и многу имиња се слушнаа па обвинителката не бараше тие снимки да се слушаат без присуство на јавноста-нагласи Јанева.

Но по кратките консултации на судечкиот совет тој одлучи јавноста сепак да биде исклучена прифаќи го образложението.

Индикативно е што до ваквиот пресврт доаѓа откако вчера при презентацијата на доказите на една од снимките и фотографиите на доказот со број 148 се виде дека Зоран Милевски во еден познат скопски ресторан имал средба и разговори со познатиот адвокат В.А и уште попознатиот брат В.З.

Снимките не беа проследени само со опис без обраложение со кои лица седел Кичеец.

 

Исто така, Обвинителката Рускоска во изјавата и во судот и потоа како реакција на вонредна прес конференција на една политичка партија не ја негираше оваа средба и дополни дека ако има аудио запис за неа тој ќе биде објавен.

Исклучувањето на јавноста се случува само два дена по носењето на спорниот Закон за јавно обвинителство и 14 часа по маршот за правда на владејачкиот СДСМ.

Но, тоа што е најинтересно е дека Рускоска слушањето на новите три фолдери го образложи со тоа дека Обвинителството не сака да никакви сомнежи оти прикрива нешто. А денеска го направи токму спротивното што значи дека Обвинителството и судот ги отворија сите соменжи за содржината на разговорите што ги водел Кичеец.

Навистина кое име или имиња во државата можат да се стават над нејзиниот јавен интерес за да им биде нарушен угледот и интегритетот?

Дали ваквото „престројување“ на обвинителството и на судот се должи на нечија ургенција или влијание?

Имале  ли и со кого во изминатите помалку од 24 часа средби Обвинителката Рускоска и судијката?

Оригиналниот текст на Република можете да го видите тука.