вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

„1000 години Сведок на Светлината“ на фестивалот Браќа Манаки

„1000 години Сведок на Светлината“ на фестивалот Браќа Манаки

Документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ посветен на големиот јубилеј на Бигорскиот манастир ќе биде прикажан во Битола, во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“.

-Со посебна радост информираме дека документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ на КАТ продукција, на 24 овој месец (вторник), а во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“, ќе биде прикажан во 20:30 часот, на платото пред Офицерскиот дом во Битола, рече сестра Ефимија.

Додаде дека проекцијата е слободна и можат да ја проследат сите заинтересирани.

Потсетува дека филмот „1000 години Сведок на Светлината“, кој е во режија на Илија Ико Каров, е снимен по повод нашиот голем јубилеј – 1000 години од основањето на свештената Бигорска Обител, што се прослави во 2020 година.

-Филмот, пак, ја доживеа својата свечена премиера во Македонскиот народен театар на 15 април оваа година и постигна огромен интерес и позитивни критики од вљубениците во филмската уметност ширум светот, посочи сестра Ефимија.