среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Антологија на српскиот филм во Кинотека

Антологија на српскиот филм во Кинотека

Од денеска до 11 мај во Кинотеката ќе бидат прикажани 11 класични наслови од српската кинематографија, продуцирани од раните 60-ти до средината на 80-тите години на минатиот век.

Ќе бидат прикажани: „Кој тоа таму пее?; „Маратонците го трчаат почесниот круг“; „Лажливо лето ’68“; „Балкански шпион“; „Национална класа“; „Пластичен Исус“; „Кога ќе бидам мртов и бел“; „Љубовен случај или трагедијата на службеничката во ПТТ“; „Венецот на Петрија“; „Љубов и мода“ и „Давител против давител“.

Автори на филмовите се Слободан Шијан, Горан Паскаљевиќ, Душан Ковачевиќ, Божидар Николиќ, Горан Марковиќ, Лазар Стојановиќ, Живоин Павловиќ, Душан Макавеев, Срѓан Карановиќ и Љубомир Радичевиќ.

-Филмовите во овој избор се дел од стоте антологиски наслови снимени од српски режисери во периодот од 1911 до 1999, а кои во 2016-та беа прогласени за национално добро од големо значење во Србија. Тие се дел од проектот „VIP Кинотека“ чија цел е да се сочуваат и заштитат филмовите кои ја одбележале српската кинематографија. Процесот на дигитална реставрација на српското филмско наследство е реализирано во Одделението за дигитализација и дигитална реставрација при архивот на Југословенската кинотека во Белград, соопшти Кинотеката.