сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на 50. Мајски оперски вечери

Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва на 50. Мајски оперски вечери

Во рамки на јубилејното 50. издание на „Мајските оперски вечери“ во оф-програмата, на сцената на Националната опера и балет, вечер во 20.00 часот ќе биде изведена атрактивната балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“, балет во девет слики.

Балетската претстава е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, а зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.

Музиката во претставата е на Калиопи Букле, кореографија и режија е на Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска.

Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.  (МИА)