Во Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската премиера на „Госпоѓиците од Авињон“ – балет во девет слики.
Настапуваат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.
Музиката е на Калиопи Букле, кореографијата и режија се на Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, асистенти на кореографот се Горан Божинов, Саша Евтимова, а костимограф е Раде Василев. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.