Во Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“.
Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Во балетската претстава настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии, Ендру Кук.
Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“ – сценограф Валентин Светозарев.
– За атрактивноста на оваа балетска претстава зборуваат позитивните реакции на присутната публика на премиерната изведба (9 март 2022) , која со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет, а особено извонредните балетски играчи, кои ни донесоа магија на сцената, соопштуваат од Националната опера и балет.