петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Боженствена Литургија и пасхална литија во манастирот кај Кичево

Боженствена Литургија и пасхална литија во манастирот кај Кичево

Во склоп на сеопштата пасхална радост на оваа седмица, најсвета од сите во овој Светол Источен петок, посветен на причинителот на радоста, Пречистата Богородица, во манастирот над Кичево нашиот Старец епископ г. Партениј отслужи Боженствена литургија, информираа од Бигорскиот манастир.

На литургијата присуствувале браќата и сестрите од монашката заедница и голем број верници „притекнати да нацрпат благодат од живоносните струи на Пречистата”.

– Всушност во петокот го славевме нејзиниот живоприемен источник во Константопол, наречен Балаклија. Веќе традиционално за овој ден нашиот Старец г. Партениј богослужи во Крнинскиот манастир на онаа која е изворот на секоја добрина, на секој добар дар и возбожение оти ни го роди Христа добротворот, дародавецот и воскресителот, додаваат од манастирот.

Ова тројство се заокружи со свечена пасхална литија во живописната околина на манастирот, на местото Господинец каде настрадале светите пречистански преподобновомаченици Евнувиј, Партијата и Аверкија.

– На тоа осветено место старецот го изврши чинот на пасхалниот водосвет, по што литијата се врати во манастирот каде што продолжи радосното ликување, велат од Бигорскиот манастир.

Манастирот „Св. Богородица – Пречиста“ или Крнински манастир, е средновековен манастир во близина на градот Кичево, основан 1316 година.