вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Божикен и новогодишен концерт на хорот „Калистрат Зографски“

Божикен и новогодишен концерт на хорот „Калистрат Зографски“

Црковниот хор „Калистрат Зографски“ од Струга вечер во центарот за култура „Браќа Миладиновци“  ќе одржи Божикен и новогодишен концерт.

На програмата ќе бидат композиции од божикниот литургиски циклус, додека Ристе Миладинов ќе чита кратки текстови поврзани со содржината на музичките дела. Во рамките на програмата воведно обраќање ќе има директорот на центарот за култура Николина Велкоска Глигороска, а празнична беседа ќе одржи и проф. д-р отец Стефан Санџакоски.

Концертот, како што изјави за МИА хороначалникот Димитри Кумбароски, е во навечерието на празникот Обрезание Господово и Православна Нова Година,, а целта е достоинствено да се одбележат големите христијански празници.

– Новина пред стружани ќе биде настапот на детскиот хор „Калистрат Зографски“, кои на присутните ќе им приредат празнично изненадување, рече Кумбароски.

Црковnиот хор „Калистрат Зографски“ функционира во рамките на литургиската заедница при манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта. Членовите на хорот ја негуваат древната византиска музичка традиција на црквата.