Да ги тргнеме децата од мобилните телефони, таблетите и компјутерите. Ова е главната цел за организација на настаните кои ќе се одржат следниот викенд.
Нема подобар начин на воспитување од тоа да ги научите децата да ја сакаат културата, традицијата, уметноста. Наместо да ги оставите со модерната технологија во својата соба, однесете ги на театар,
Од 31-ви мај почнува Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот.“
Еве ја програмата:
Петок (31-ви мај 2019-та)
18:00 Театар Војдан Чернодрински – Забава со Lotus Lounge Chair
19:00 Свечено отворање на фестивалот
19:10 Театарска претстава Црвенкапа Театар Велес
Сабота (01-ви јуни 2019-та)
12:00 Кино Мис Стон, театарска претстава Малиот Принц, Театар на сенки и облаци Скопје
13:00. Работилница театар на сенки
20:00 Центарот на градот Саат Кула, театарска претстава Заборавените кукли Театар Битола
21:00 Забава со Тhe Four
Недела (02-ри јуни 2019-та)
18:00 Театар Војдан Чернодрински, пречек на гости
19:00 Театат Војдан Чернодрински, театарска претстава, Грдото пајче, Театар за деца и младинци Скопје.
Иницијатор за овие случувања е актерката Марија Спиркоска Илијеска. Таа е ќерка на еден од најпознатите македонски актери, покојниот Благоја Спиркоски-Џумерко. Растена е на штиците кои живот значат, во гримиорните, во театар. Од таму е и идејата да направи сè што е во нејзина можност, да им ја доближи оваа уметност на децата.
-Во програмата за култура на општина Прилеп за 2019-та година предвидено е да се втемели љубовта кон театарот и театарската уметност меѓу најмладата публика. Во децата треба да се вложува, да се едуцираат и да се заразат со театарската магија. Тие се најискрената публика, за нив треба да се направи најдобро. Само така ќе успееме во наредните години да добиеме генерации кои ќе знаат како треба да се однесуваат во театар, што значи уметноста и како треба да ја надградуваме и развиваме уметноста воопшто, вели Спиркоска Илијеска во изјава за КУРИР.
Освен таа, зад оваа организација застанува и актерката Ангела Наумоска. Минатата година таа освои две награди, една на Меѓународен фестивал и друга на „Војдан Чернодрински“.
-Да ги натераме да заборават на виртуелниот свет кој го живеат, да ги остават мобилните телефони и компјутерите, да им ја разбудиме креативноста и да им овозможиме незаборавен детски театарски викенд, истакна Наумоска за КУРИР.