вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

„Децата на партијата“- книга на Серјожа Марков

„Децата на партијата“- книга на Серјожа Марков

„Децата на партијата“ книга на адвокатот Серјожа Марков денеска доживеја своја промоција.

Еминентниот адвокат нагласи дека напишаното во книгата долго време тлеело во него и оти се надева дека она што тој го пишувал како тој ги гледал работите во тоа време ќе им се допадне на читателите.

-Книгата опфаќа период од 1991 година до 1993. Тоа се првите години од осамостојувањето и од формирањето на првите партии со национален предзнак. Во ова дело е напишано како јас ги гледав работите за тоа време кое е доста значајно, истакна авторот на промоцијата.