Театарот ја продолжува традицијата за поддршка и промовирање на помладите колеги студенти и дипломци на Факултерот за драмски уметности. Утре на 25 март во 20 часот на сцената на Драмски театар Скопје ќе се изведе претставата „Семејство“ на авторот Роналд Харвуд.
„Семејство“ е дипломска претстава на студентите на ФДУ во класа на проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески.
Претставата со мотото „Семејствата се добри затвори“ на интересен начин ни ги пренесува семејните релации. Освен на академската сцена на ФДУ, со оваа претстава младите актери гостуваа на МТФ „Војдан Чернодрински“, а во најава се и неколку нови гостувања на сцените на македонските театри.
„СЕМЕЈСТВО”, Роналд Харвуд
Режија: проф. Зоја Бузалковска и доц. Александар Степанулески
„Семејствата се добри затвори“
Играат:
Иван Килнер, 79 год. ……………………………..Мартин Ѓоргоски
Ема Килнер, негова жена, 74 год. …………..Сара Спиркоска
Фреди Килнер, негов син, 56 год. …………..Лазар Христов
Маргарет Барет, негова ќерка, 48 год. ……Ања Митиќ
Марк Барет, негов зет, 46 год. ……………….Леонардо Лазов
Милисент Прајс, негова ќерка, 43 год. ……Анастасија Величковиќ
Том Прајс, негов зет, 45 год. ………………….Стефан Николовски
Пола Барет, негова внука, 20 год. …………..Нела Павловска
Ардела, ………………………………………………..Јана Вељановска