вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Доделување на наградата „Роман на годината“ од Фондацијата „Славко Јаневски“

Доделување на наградата „Роман на годината“ од Фондацијата „Славко Јаневски“

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ вечер во 20 часот, во кафе барот „Филхармонија“ ќе ја додели наградата „Роман на годината“ за 2021 година.

-Годинашен лауреат на наградата е Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“ („Или-или“, 2021), информираат од Фондацијата.

Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а наградата е поддржана од Министерството за култура на РСМ.