среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Доделување награди на 10. „Мобил фестивал“

Доделување награди на 10. „Мобил фестивал“

Дваесет и пет кратки филмови снимени со мобилен телефон кои учествуваа на 10. „Мобил фестивал“ се избрани да бидат прикажани денеска од 17 часот во Кинотеката каде што ќе бидат доделени и наградите за најдобрите.

На повикот за учество на фестивалот кој беше отворен во јуни годинава пристиганле повеќе од илјада филмови од автори од светот.  Најдобриот што ќе го избере тричлено жири ќе ја добие наградата „Ратка Илиевска-Лале“, а ќе бидат доделени и награди за најоригинална идеја и за најиновативен филм.

– Најсреќните десетмина во публиката ќе добијат награда, бесплатни влезници за кино, за публиката ќе има и други награди и изненадувања, соопшти организаторот на фестивалот – продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и медиа“ од Битола.

Годинашниот „Мобил фестивал“ се одржува под слоганот „Keep it rolling“.