Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Есмералда“ на Чезаре Пуњи, која е на репертоарот на НОБ и на 4 февруари.
-„Есмералда“ е меѓу бисерите на балетската уметност. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, кај нас ќе јас пренесе Михаил Крапивин, реномираниот кореограф од Русија, соопшти НОБ.
Во главните улоги на вечерашната изведба ќе настапат Марија Кичевска-Шокаровска и Васил Чичијашвили, а на 4 февруари – Мими Поп Алексова-Атанасовска и Бобан Ковачевски.
Учествуваат и Христина Наќевска, Ендру Кук од Англија, Мирослав Митрашиновиќ, Марија Јосифовска Ристовска, Илијана Данилов, Саша Евтимова, Игор Веланоски, Балаж Лашеи од Унгарија, Ервис Кочеку од Албанија, балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Диригент е Бисера Чадловска, костимограф Љупка Ристовска, а сценографијата е на Живојин Трајановиќ.