вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Филмот „Avec l’amour” вечер во „Кино на отворено” во Кисела Вода

Филмот „Avec l’amour” вечер во „Кино на отворено” во Кисела Вода

Филмот „Avec l’amour” на режисерот Илија Цветковски вечер е на репертоарот на „Кино на отворено” кое од вторникот се одржува во општина Кисела Вода.

Проекцијата, како што соопштија од општината, почнува во 21 часот пред Домот на културата „Билјана Беличанец”, а половина час порано за најмладите ќе се емитуваат анимирани филмови.

Инаку, вчерашната проекција на првиот македонски филм за деца „Стела“ предизвика голем интерес кај публиката која имаше можност и да се дружи со екипата која работеше на овој филм, продуцентот Огнен Антов, режисерот Стојан Вујичиќ и главниот актер Дејан Лилиќ, информираа од општината и посочија дека летното кино што го реализираат во партнерство со МакеДокс, продолжува до крајот на оваа седмица. (МИА)