понеделник, 25. март 2024. Вести денес: 0
home Култура

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Неготино

Во Неготино во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ денеска и утре ќе се одржи фестивалот за млади „Џифони патува“, а на него ќе учествуваат учениците од гимназијата.

– Фестивалот ќе го отвори градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, а потоа младите ќе се запознаат со мисијата на „Џифони Македонија“ и во текот на двата дена ќе гледаат европски филмови со теми што ја засегаат младата генерација. Филмските проекции ќе бидат проследени со дискусии, а потоа на една од трите понудени креативни работилници, младите ќе ја поттикнуваат својата креативност и ќе се забавуваат, соопштија организаторите.

Неготино е дваесет и четвртата општина каде под името „Џифони патува“ се одржува овој подвижен фестивал како продолжение на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ со својата мисија за ширење на филмската писменост и култура, како и неформално образование на младите и низ помалите градови во земјава.

Проектот „Џифони патува“ (Giffoni on Tour) е поддржан од Агенцијата за филм, Делегацијата на ЕУ во Скопје и општина Неготино, а се реализира во соработка со Амбасадата на Италијае и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.