недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Горјан Петревски ќе претстави две свои книги во КИЦ на Република Македонија во Софија

Горјан Петревски ќе претстави две свои книги во КИЦ на Република Македонија во Софија

Писателот кој пишува за млади читатели, Горјан Петревски утре ќе претстави две свои книги во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија.

На настанот ќе бидат претставени бугарските изданија на неговите најуспешни романи – „Марта“ (издание на „Изида“, превод Маријан Петров) и „Сама“ (издание на „Книги за сите“). Овие две книги се влезени во учебната програма на средношколците во Република Македонија. Издавани се многукратно, при што само „Марта“ има досега 21 изданија, кои ја прават една од најпродаваните книги во земјата.

Местата за настанот се со ограничен број и право на присуство ќе имаат само оние кои претходно се запишале. Предност за присуство ќе имаат оние кои поседуваат сертификати за вакцинација или за поминат Ковид-19.

Поставените услови се со цел почитување на мерките за справување со пандемијата.