Во Уметничката галерија – Тетово беше отворена самостојната изложба на сликарот и професор Мифтар Мемети со наслов „Уметничко патување низ годините“. Изложени се дела во разни видови на техники кои датираат од 90-тите години до денес.
-Почесниот професор Мифтар Мемети на оваа изложба ја открива вистината и постојано фрла и прецртува скици на идеја, бара од темата да извлече што повеќе можности за уметничко изразување преку кои ја создава суштината на бунтот на модернистичкото сликарство против традиционалното. Делата на професорот Мифтар Мемети ги знаеме на прв поглед без да го видиме неговиот потпис на делото бидејќи тој го создал својот познат уметнички ракопис, истакна на вчерашното свечено отворање на изложбата Јелдез Асани, историчар на уметност од Универзитетот во Тетово.
На изложбата се обрати и деканот на Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово Нафи Јашари кој му се заблагодари на професорот Мифтар Мемети за неговата неуморна работа. Присутен на изложбата беше и амбасадорот на Кина во Република Северна Македонија Џанг Ѕуо.
Изложбата ќе биде отворена до среда 10 ноември во просториите на Уметничката Галерија во Тетово. (МИА)