петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Изложба на слика од Ивона Велковска во Дом на култура „Кочо Рацин“

Изложба на слика од Ивона Велковска во Дом на култура „Кочо Рацин“

Во Галеријата „КОРА“ во Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје вечерва од 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на слики насловена „Осветлување, освестување, ослободување, о… “ од Ивона Велковска.

Делата на оваа самостојна изложба се работени во акрил и масло на платно, а настанати се во последните три години.

Ивона Велковска е родена 1975 во Мостар. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност, отсек сликарство, педагошка насока на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на професор Рубенс Корубин. Учествувала на 70 групни изложби во земјата и надвор, а реализирала и три самостојни изложби. Добитничка е на првата награда за минијатура. Член е на ДЛУМ од 1999 година и учествува редовно на годишните изложби на ДЛУМ.

Проектот е поддржан од Град Скопје и од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.