Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Есмералда“, од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи.
Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе биде под диригентство на Бисера Чадловска. Кореограф е реномираниот Михаил Крапивин од Русија, сценографијата и костимографијата се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, додека концерт-мајстор е Климент Тодороски.
Во насловната улога ќе настапи примабалерината Мими Поп Алексова-Атанасовска, улогата на Феб ќе ја одигра Балаж Лочеи од Унгарија, улогата на Флер де Лис и е доверена на Христина Наќевска, додека во улогата на Гудула ќе настапи Марија Јосифовска Ристовска која оваа година одбележува 25 години уметничка дејност. Клод Фроло ќе биде Мирослав Митрашиновиќ, а Квазимодо Ендру Кук од Англија.
Ќе настапат балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.