вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

„Извештаи на рисот и други песни“ од Славе Ѓорѓо Димоски објавена на српски јазик

„Извештаи на рисот и други песни“ од Славе Ѓорѓо Димоски објавена на српски јазик

Во издание на „Арка“ од Смедерево во eдицијата „Мкедонски венец“ излезе обемен избор од поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски на над 300 страници под наслов „Извешати на Рисот и други песни“. Изборот е двојазичен, на македонски и српски јазик, во превод на поетот и академик Ристо Василевски.

Ова е шеста книга на Славе Ѓорѓо Димоски на српски јазик, а претходните се „Мерач на зборовите“ („Мерач речи“), „Поле. Бојно поле?“ („Поље. Бојно поље“), „Блиска врска“ („Блиска веза“), „Јзичен триптихон“ („Језички триптихон“) и „Одење по вода“ („Ходање по води“). За оваа прилика поговорот на книгата специјално го напиша Венко Андоновски.

– За една поезија обично се вели дека е голема, и со тоа, по творештвото на Блаже Конески се согласни речиси сите, ако е едноставна. Се чини дека „инфантилизацијата“ на јазикот, силно изразена кај Димоски, е едно од можните решенија за едноставна песна. Поетот говори големи нешта со лесни, едноставни зборови. Зборови на примордијалната, првобитна, детска свежина на перципирање на светот. Познато е дека сите светски јазици имаат јасна тенденција кон едно екстензивно комплетирање, заокружување, богатење. За секој нов предмет во животот, секојдневниот јазик веднаш измислува нов збор. Поетот и детето тука се „старомодни“, но покреативни. Ним не им требаат нови зборови за новите предмети. Тие ќе најдат некој стар, подзаборавен. На пример, за авионот ќе речат дека е птица. За птицата ќе речат дека е стрела. За брзината дека е око. Таа работа, тој филигрански занает на Славе Ѓорѓо Димоски, уверени сме, уште долго ќе остава скапоцени камења и „гравири“ во ковчежето на современата македонска поезија, нагласува Вели Андоноски во поговорот.

Ова е втор интегрален превод на книгата „Извешати на Рисот“. Минатата година на словенечки јазик делото го објави издавачката куќа „Хиша поезије“ од Љубљана во превод на Лара Миховиловиќ.  (МИА)