петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

„Кец на десетка” повторно гостува во Домот на културата „Антон Панов” во Струмица

„Кец на десетка” повторно гостува во Домот на културата „Антон Панов” во Струмица

Претставата „Кец на десетка”, по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, во продукција на Македонскиот народен театар, вторпат ќе гостува во Домот на културата „Антон Панов”, Струмица.

Претставата, во која играат Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Гачиќ-Деан и Ивица Димитријевиќ, од премиерата во 2017 година до денес има повеќе од 70 изведби.

Вечерашната изведба е закажана со почеток во 20:00 часот.