Членови на семејството на новинарот Насер Селмани добивале закани по телефон од непознати лица, пренесе Макфакс.
Тој денеска даваше исказ во Обвинителството во врска со случајот со братот на функционер на ДУИ, Бекир Асани.
„Додека бев на службен пат, непознати лица се јавувале кај мои роднини, и им се заканиле дека ќе го запалат целото семејство“, вели Селмани.
Тој ги повика сите новинари да не се плашат и да ги пријавуваат заканите, а инстиуциите да ги расветлат случаите.