вторник, 26. март 2024. Вести денес: 0
home Култура

Концерт на Скопскиот дувачки квинтет

Концерт на Скопскиот дувачки квинтет

Скопскиот дувачки квинтет вечер ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба во Скопје. На програмата се дела од: Моцарт, Љадов, Бизе, Гершвин, Агостини, Џоплин.

Скопскиот дувачки квинтет постои повеќе од четири децении и претставува дел од една традиција на камерна дружба меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела. Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница, како и дела од македонски автори.

Сегашниот состав го сочинуваат познати македонски уметници, членови на Камерниот орекстар Скопски солисти, Филхармонијата и Операта. Тоа се Васил Атанасов – обоа, Марија Јакимовска – флејта, Ристо Ѓоревски – кларинет, Орце Ицковски – фагот и Александар Гошев – хорна.