По повод Светскиот ден на операта вечер со почеток во 20 часот во Националната опера и балет, ќе се одржи концерт на солистите на Националната опера и балет.
На концертот ќе настапат солистите Марјан Јованоски (баритон) и Владимир Саздовски (бас).
Додека, гостин ќе биде Сандра Митровска (сопран); Пијано придружба Елена Сиљаноска.
На програмата се арии и дуети од оперите на П. И. Чајковски, Џ. Верди, У. Џордано, А. Дворжак и П. Маскањи