По успешниот настап во Созопол, Трио Академико ќе се претстави во Бугарија со уште еден концерт, во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија.
Со почеток од 18:30 часот Златка Митева на флејта, Бранко Павловски на кларинет и Наташа Трбојевиќ на пијано ќе исполнат дела од Ерик Евазен, Ернесто Кавалини, Марјан Јанковки, Луиџи Занинели, Флоран Шмит и Камиј Сен-Санс.
Настанот е дел од Годишната програма на КИЦ на РСМ во Софија и е потпомогнат од Министерството за култура на Република Северна Македонија.