Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје распиша нов оригинален конкурс за современи авторски бајки посветени на градот Скопје.
Како што соопштија од издавачката куќа, ликовите, настаните, атмосферата, визиите и локалитетите треба да се поврзани со градот Скопје, а темите и мотивите се слободни, како и начините за стилска и изразна постапка од страна на самите автори.
Обемот на авторските бајки треба да биде од 3 до 10 страници (текст на А-4 формат), а бројот на авторските бајки воопшто не е ограничен, што значи дека еден автор може да испрати повеќе свои авторски бајки.
Од „Феникс“ посочуваат дека сите бајки треба да бидат потпишани со името и презимето на авторот, а во прилог треба да се наведе и неговиот мејл, телефонски број и години на возраст.
Рокот за испраќање на авторските бајки е од 5 април до 5 мај.
Текстовите на авторските бајки треба да се испраќаат на следниов мејл „[email protected]“.
Избраните авторски бајки ќе бидат објавени во посебно издание – книга со наслов Авторски бајки за Скопје.