среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Контрабасистот Рено Гарсија Фонс ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонијата

Контрабасистот Рено Гарсија Фонс ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонијата

Францускиот контрабасист Рено Гарсија Фонс вечер во 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонијата.

Пред македонската публика овој исклучителен басист ќе се претстави со свои композиции. На програмата на овој концерт се и Суитите 1 и 2 од балетот „Дафнис и Клое“ од Морис Равел. Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира Џијан Емин.

По работата во врвни француски симфониски оркестри, Рено Гарсија Фонс во 90-тите години на минатиот век се одлучува за солистичка кариера. Тој разви свој музички јазик и стил со кој на автентичен начин го еманципира инструментот на кој свири.

Контрабасот во рацете на Фонс звучи како шпанска гитара, африканска бас лаута, како виола или персиска виолина. Станува збор за врвен инструменталист со каталонско потекло и од таму всушност потекнува неговиот интерес кон шпанската и ориенталната култура, посочуваат од Филхармонијата.